
Карлеуша отворено зборуваше за естетските корекции кои ги има направено на себе.
„Јас сум некој кој одамна, одамна ги зголеми градите. Кога е во прашање лицето, јас сум некој кој во август ќе наполни 40 години. Конкретно, кога е во прашање моето лице, јас одлучив да направам ситни корекции на борите, тоа да го направам кај човек кој тоа ќе го направи на најдобар можен начин. Да кажам дека тоа никогаш нема да го направам, би била голема лага. Зошто да не доведам своето тело до совршенство? Наместо во весниците да пишува: „Се здебелила“, „ја стигнаа годините“, зошто да не пишува „изгледа подобро од било кога“. Зборувам за сите жени, затоа што тоа многу значи кога е во прашање самодовербата“, изјави пејачката.
Јелена имаше порака за сите кои штедат на својот изглед.
„Многу јавни личности штедат на својот изглед, старлети, девојки од работа. Ќе им препорачам тоа да го прават кај најдобрите“