Како да го постигнете ефектот на „совршена кожа“ со помош на шминка?

popara7 август, 20181min00
7

За да не се соочувате со несоодветно нанесена пудра која се топи на високите температури и ви ја прави кожата постара и позбрчкана, време е да научите неколку трикови..

kako-da-go-postignete-efektot-na-sovrsena-koza-so-pomos-na-sminka-01.jpg

За мазна и чиста кожа следете го упатството чекор по чекор:

1. Пред да нанесете било каков производ на лицето, направете благ пилинг. Оставете водата да се исуши и впие, а вишокот исчистете го со мек пешкир.

2. За да нанесете пудра секогаш користете четки и сунѓерчиња.

3. Кога ќе завршите со нанесување на пудрата, задолжително благо истапкајте го лицето со суво марамче.

kako-da-go-postignete-efektot-na-sovrsena-koza-so-pomos-na-sminka-02.jpg

 

4. Нанесувајте ја пудрата со кружни движења, движејќи се од центарот на лицето па нанадвор.

5. Не нанесувајте големи кругови на пудра кои подоцна ќе ги размачкувате. Секогаш ставајте мали точки, па размачкувајте.

6. Кога е возможно, нанесувајте пудра на природно светло. Така најлесно ќе ги откриете сите недостатоци кои треба да се покријат.

7. Коректорот е задолжителен. Одберете боја која е за нијанса посветла од пудрата и нанесувајте го со топли прсти.

8. Коректорот никогаш не може да ја замени пудрата. Не го нанесувајте на цело лице, туку само на критичните делови.

9. Погрешно и правилно нанесување коректор:.

kako-da-go-postignete-efektot-na-sovrsena-koza-so-pomos-na-sminka-03.jpg

10. Пудрата во прав нанесете ја на крај и тоа задолжително со широка, голема четка.

11. Држете се до овој распоред – прво челото, потоа страничниот дел од лицето, носот, брадата, па дури тогаш образите и средината на лицето.

12. За визуелно совршена, чиста кожа задолжително користете руменило или бронзер. Коралните нијанси и светло розови се идеални за светлата кожа. Темно розовата и бронзена нијанса е идеална за средно светол тен, додека сите бронзени и кафеави тонови се вистинскиот избор за темна кожа.

13. Најдобриот начин да нанесете руменило е да се насмеете.

14. Бронзерот никогаш не се нанесува на целото лице. Треба да бидете „допрени од сонцето“, не изгорени. Нанесувајте го така што ќе формирате 3-ки од страните на лицето.

kako-da-go-postignete-efektot-na-sovrsena-koza-so-pomos-na-sminka-04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag