Оние кои имаат проблеми со синусите добро знаат колку се непријатни болката и притисокот во пределот на челото, носот и образите, отежнатото дишење, течењето и болната слузница на носот… Овие симптоми можат да траат и до пролет ако е воспалението хронично. Воспалението на синусите е вирусно и се појавува преку засилен секрет во синусите, болка и температура, се одразува и на грлото, ушите и очите. Доаѓа до размножување на бактериите и суплините на синусите се исполнуваат со гној, а доколку болеста се оддолжи, преоѓа во хронична фаза која се манифестира поблаго, но тегобите се редовни. Симптомите се најизразени кога личноста е во лежечка положба затоа што носот се затнува.
За да го спречите воспалението, би било добро да јадете намирници кои помагаат синусите да се прочистат, а тоа се рен и кромид, како и оние богати со витамини Ц и А. Освен тоа, се препорачува врел чај. Треба да се пие полека, голтка по голтка, а шолјата да се држи близу до лицето цело време за да може да се вдишува топлата пареа богата со лековити состојки од билката.
Повремено би требало да се примени и инхалација. Доволно е да се вдишува неколку минути врела пареа од водата во која сте додале морска сол, босилек или неколку капки етерично масло од еукалиптус, па синусите да се прочистат и да се спречат здравствените тегоби.
И клима уредите можат да доведат до воспаление на синусите, затоа што сувиот воздух, исто колку и ладното време и ветрот, можат да го загрозат дишењето. Затоа, ако имате проблеми со синусите, редовно проветрувајте ги просториите, а наљ грејните тела ставете садови со вода или мокра памучна ткаенина.