Постојат неколку нешта на кои треба да внимавате ако сакате на добар начин да го привлечете вниманието на машкиот пол.
- Не се пијанете. Алкохолот навистина може да ви ја зголеми храброста за да му пријдете, но ако претерате, ризикувате да оставите погрешен впечаток. Замислете си пијана девојка што флертува… воопшто не изгледа привлечно и софистицирано. Најлошото е што алкохолот влијае на вашата способност за расудување, па голема е веројатноста да завршите со тип кој не ви се допаѓа.
- Не одете сами во бар. Дама којашто сама седи на шанкот веднаш го привлекува вниманието, но најголем дел од тоа внимание нема да го посакува, затоа што секој слободен маж ќе сака да ѝ се приближи.
- Не одете со 20 ваши пријателки. Излегувањето во големо друштво е супер забавно, но така сте и тешко достапни. Доколку имате намера да флертувате и да освоите некој, најдобро е да излезете со уште 2 ваши пријателки. Така, ако едната од вас најде кој да ја испрати до дома, другите две ќе можат да го продолжат дружењето.
- Коментирајте за списание или книга што ги чита. Доколку здогледате дека во рацете држи некаква книга или списание, дајте краток коментар. Ако тоа е книгата што ви била на списокот за читање, кажете го тоа. Доколку е заинтересиран за вас, веднаш надолго и нашироко ќе започне да ви објаснува за конкретната книга.
- Побарајте мислење. Ако седи во кафуле со лаптоп пред себе, на поминување прашајте го дали е задоволен од марката, притоа споменувајќи дека во моментов вие сакате да купите сличен.
- Коментирајте ја ситуацијата во која се наоѓате. Доколку чекате во ред на касата за да платите, прокоментирајте го тоа. Добро погледнете се наоколу. Секогаш ќе најдете нешто за кое може двајцата да се жалите или пак да го дискутирате. Така разговорот ќе протече без да вложувате напор.