Производи кои ќе ве воодушеват!
Од трајни до долготрајни кармини и други препарати, козметичката индустрија вложува големи напори да создаде шминки кои не се отстрануваат од усните. Проблемот со долготрајните кармини е дека во еден момент тие почнуваат да се распаѓаат и речиси е невозможно да се отстранат без соодветни препарати, освен ако не сакате да ги “изгребете” усните. Но, понудата станува сè поширока и подобра, а ние ви нудиме некои од најдобрите производи кои ќе ви овозможат долготраен свеж изглед на вашите усни.
Еден од поинтересните производи е дефинитивно Benefit Cosmetics, Benetint Cheek & Lip Stain кој ќе ги направи вашите усни и образи посвежи. Овој производ бил создаден во 1977. година на барање на егзотичните танчерки кои бараа начин да ги направат своите брадавици долготрајно свежи и привлечни за време на целовечерниот перформанс. Во нашата галерија ви претставуваме кармини, моливи, балзами и други производи кои можат да ви помогнат на патот кон совршените усни.