Ова е техника која веќе со децении ја користат војниците, а специјалистите велат дека сигурно ќе втонете во сон за само 120 секунди!
Овој совет е објавен уште во осумдесетите години во книгата “Опушти се и победи: Како тоа го постигнуваат шампионите”, но сега доби нова популарност и сè поголем број луѓе се “колнат” во неговата ефикасност.
Во прашање е техника во неколку чекори, кои ги користат американските војници веќе со децении. Ја смислиле тимовите на воени доктори, во обид да се намали можноста за грешки кај уморните војници, особено пилотите.
Тврдат дека, ако редовно вежбате неколку недели, има процент на ефикасност од дури 96%!
Несоницата е најчестиот проблем во светот, и ја погодува една третина од мажите до 40 години и повеќе од половината од жените постари од 65 години. Хроничниот умор може да доведе до дијабетес, срцеви заболувања, мозочен удар и други опасни болести.
Еве како да ја примените оваа техника!
Опуштање
Опуштете ги најпрвин мускулите на лицето. Концентрирајте се на опуштање на лицето, грлото, мускулите околу очите. Спуштете ги рамената колку што можете повеќе, и свесно и полека ослободете ја првата, а потоа и другата рака.
Дишење
Кога сте се смириле, дишете полека и рамномерно, опуштајќи ги мускулите на градите. Фокусирајте се на релаксација на нозете во овој момент, почнете од бутовите и задникот и завршете со стапалата. Десет секунди целосно препуштете се на чувството на опуштеност.
Прочистување на мисли
Експертите предлагаат три примери на техники за визуализација. Замислете дека лежите во чамец на мирно езеро, над вас се наоѓа само бесконечно сино небо. Замислете дека сте легнати врз мека, црна лежалка во соба која е сосема темна. Пробајте да не размислувате десет секунди за ништо. Ако е потребно, дополнително избистрете го умот така што ќе повторувате “не мисли, не мисли, не мисли”.
Вежбајте ја оваа техника, и веднаш ќе забележите голема разлика – побрзо ќе се опуштите и ќе втонете во сон за две минути.