Повеќето жени мораат често да ги отстрануваат влакната под пазувите, особено во текот на летото, сезона кога се носат маици и фустани со или без прерамки.
Исто така, многу од нив секојдневно се соочуваат со подкожни влакненца и иритации поради честото користење на жилет, самото превиткување на кожата, потта и дезедорансите. Тоа се случува бидејќи не ги отстрануваме на начин на кој што треба. Кога ќе земете жилет, како се бричите? Сигурно во насока надолу (или горе) во неколку исти движења додека не ги отстраните сите влакна – што доведува до појавата на наведените иритации. Дерматолог од Мајами, Алиша Барба, ни открива на кој начин треба да се справиме со овој “проблем” и да го спречиме неговото повторување.
Како би требало навистина да ги отстраниме влакната под пазувите?
Многу едноставно: со другата рака дополнително затегнете ја кожата на пазувата, а потоа со жилетот направете движења во насоките на буквата “X”.
Зошто е овој начин најдобар?
Додека влакната на рацете и нозете растат во една насока, на кожата на пазувите се формираат кружни форма, односно растат “на сите страни” и во различни насоки. Користејќи го овој метод со буквата “Х”, во две движења ќе опфатите многу повеќе влакна, а помалку ќе ја изиритирате кожата.
Затоа, следниот пат кога ќе се бричите под пазувите, заборавете го методот кој сте го користеле досега и избегнувајте ги враснатите влакна и црвенилото, што знае да биде многу досадно .