Српската пејачка е позната по луксузниот начин на живот, како и тоа дека нејзината гардероба е брендирана.
Сепак, Јелена Карлеуша на своите фанови им призна што уште и треба во животот, па сите ги изненади со ова видео. Таа сними прасиња и крави, од кои очигледно беше воодушевена и напиша:
“ Ова ми треба во животот”
Да потсетиме, Јелена се бори за правата на животните, па на социјалните мрежи изјави дека се кае што во минатото јадела месо и дека никогаш повеќе нема да го стори тоа.