Како да сме во Првата светска војна. Повеќе од стотина станари се заробени во своите домови, па треба да ги евакуираат со хеликоптери. Околу 500 спасувачи помагаат на афектираните семејства.
Одронувањето на земјиштето во Јужна Калифорнија усмртило 17 луѓе. Бројот на исчезнати исто така се зголемил на вкупно 17 до сега, а уништени се околу 100-тина домови. Катастрофата ги погодила и домовите на неколку ѕвезди, меѓу кои е и Опра Винфри (63 г.).
-Каков ден! Молете се за моите соседи во Санта Барбара – водителката се обратила преку едно драматично видео. Напишала како соседите биле спасувани со хеликоптери, а објавила и слика од нејзиниот разурнат двор во Монтекито.
Како да сме во војна. Голем дел од улиците се затворени, а Трамваите се блокирани со оглед на тоа што голем дел од шините се затрупани под земја.
-Мојот имот е спасен. Мала е штетата во споредба со таа на соседите – изјавила Опра. Калта е до глужд.
И Елен Деџенерс објавила фотографии од имотот на нејзините соседи кој е речиси уништен.
-И благодарам на мојата пријателка Опра што ми помогна да го споделам со вас она што моментално се случува – напишала Елен.