
Американската старлета Ким Кардашијан во интервју за магазинот „Вог“ откри бизарни детали од својот тестамент. Имено, како самиот податок дека има составено тестамент на 37-годишна возраст да не е доволно шокантен, Ким откри и други информации, кои ја шокираа јавноста.
Во еден дел од тестаментот пишува дека, ако бидам смртно болна или неподвижна, морам да бидам дотерана. Дури и ако не можам да зборувам или да вршам нужда во пелена, косата, ноктите и шминката, мораат секогаш да бидат на место. Сакам да изгледам најдобро што може до самиот крај“, откри Ким и ги стаписа дури и најверните поддржувачи на нејзиниот лик и дело.