Локалните власти во градот Даје во кинеската провинција Хубеј, смислија нов начин како да ги натераат пешаците да не минуваат улици на црвено светло, односно ако не почекаат да се појави зеленото светло на семафорот, тие ќе бидат испрскани со вода.
Полициските функционери го одобрија инсталирањето на пет жолти столбови на секој пешачки премин, на една од најпрометните крстосници.
Столбовите се опремени со неколку методи, кои се со цел да ги одвикнат пешаците да ги поминуваат улиците на црвено светло.
Оние кои нема да се огласат на предупредувањата, ќе бидат испрскани со вода.