Малија Обама, ќерката на Барак и Мишел Обама, изгледа дека ја продолжи врската со момчето со кое беше забележана пред неколку месеци.
Имено во ноември 2017, на натпревар помеѓу Харвард и Јејл, Малија беше уловена како бакнува непознато момче, а потоа и со цигара во рака.
Папараците не само што ја уловиле на фотографии, туку успеале да направат и кратко видео, заради кое родителите сигурно не биле среќни.
Сепак, изгледа таа е сѐ уште со истото момче, кој ѝ е колега на Харвард, со оглед на тоа што се забележани забележани заедно викендов.
Очигледно не се криеле од папараците и уживале на прошетка низ Њујорк…