Состојки:
1 кг. кравјо сирење,
4 јајца,
5 лажици брашно,
1 чаша кисела павлака,
50 г. кашкавал,
70 г. путер,
сол,
бибер,
вода,
3 лажици зејтин.
Подготовка: Испасирајте го сирењето и додадете две лажици од киселата павлака, жолчките, растопениот путер и брашното. Зачинете со сол и бибер, измешајте и додадете ги изматените белки. Со лажица вадете кнедли од смесата, пуштајте ги во загреана вода, а кога ќе испливаат на површината, вадете ги со решетка и наредете ги во сад за печење. Одозгора врз кнедлите додадете го остатокот од павлаката, изрендајте го кашкавалот и печете во рерна.
Добар апетит!