Според најновите истражувања голем број на луѓе се незадоволни од својот сексусален живот, бидејќи партнерот нема доволно авантуристички дух во кревет.
Двојките кои се во брак или во врска би сакале повеќе и подобар секс. Најголемиот дел од нив би сакале партнерот да покажува поголем авантуристички дух.
Студијата покажува дека најголем број луѓе се фрустрирани во врските пред се поради партнерот кој не ги исполнува нивните очекувања.
Според резултатите, 72 отсто од испитаниците испробале играње на улоги во кревет, 61 отсто секс на отворено, една третина на јавно место, 28 отсто со непознат, додека секс во тројка испробале дури 26 отсто од луѓето.
Недостаток на авантура фрустрира, бидејќи дури 61 отсто од луѓето тврдат дека партнерите не можат да ги следат во сексот, односно имаат помалку сексуални апетити од нив, што не им одговара.Еден од десет испитаници признава дека партнерот не им е повеќе привлечен.
Но стручњаците советуваат дека неусогласената сексуална енергија во врската е нормална работа, но ако партнерите тоа не успеат да го решат со акција, треба да поразговараатс.