Според стручњаците, десетина минути се сосема доволни за и двајцата партнери да бидат задоволни.
Се повеќе луѓе се незадоволни од својот сексуален живот, бидејќи медиумите, филмовите и сериите наметнаа нереални очекувања. Сексолозите по прашањето околу должината на сексуалниот чин сметаат дека идеален е оној однос кој не трае повеќе од 13 минути. Се што трае подолго од тоа може да се претвори во досадно, депримирачко и заморно.
Истражувачите Ерик Корти и Џени Гвардијани анкетирале 50 членови од Друштвото за сексуална терапија, меѓу кои имало психолози, доктори, социјални работници и брачни советници кои секојдневно доаѓаат во контакт со голем број на луѓе од САД и Канада.
Од нив се барало да го оценат времетраењето на сексуалниот однос како: “прифатливо“, “посакувано“, “прекусо“ или “предолго“.