Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, конечно после една година, откри што имало во сината кутија која Меланија Трамп и ја подари на денот на претставувањето на идниот претседател на САД.
„Тоа беше убава рамка за слики“, изјави Мишел за емисијата која ја води Елен Деџенерис, во своето прво појавување после излегувањето од Белата куќа.
„Постои протокол. Тоа е како државна посета кога ти кажуваат што да направиш. Никогаш досега не се врачуваше подарок во таа прилика, така што размислував што да правам со него“, објасни Мишел Обама.
Публиката на тоа се насмеа, а таа додаде дека сите се тргнале и никој не ја земал кутијата.
„Никој не одеше да ја земe кутијата“, вели таа, напомнувајќи дека сопругот ја спасил во таа ситуација.
„Размислував дали треба да се сликаме со поклонот? А потоа мојот маж ме спаси од непријатната ситуација. Ја зема кутијата и ја премести“, изјави поранешната прва дама.