Манекенката Криси Тајген (32) никогаш не била само класична убавица од насловните страни, туку и добра сопруга на пејачот Џон Леџенд и одлична домаќинка. Сите оние што ја пратат на Инстаграм знаат дека е одлично готви и објавува видеа од своите специјалитети.
Откако пред малку повеќе од една година стана мајка на девојче (Луна), убавицата со норвешко-тајландско потекло во целост му се посвети на домот, а неодамна со сопругот објави дека чекаат и второ дете.
Дека бременоста одлично и стои, не уверуваат и фотографиите на кои ужива во шопинг со ќерката Луна, а бидејќи со облеката вешто го сокрила стомакот, малку кој би можел да заклучи дека е трудна.
Убавата Криси се појави на доделувањето на Греми наградите и со својот изглед ги маѓепса сите присутни.
Таа на Инстаграм објави фотографија и на изненадување на фановите го откри полот на бебето.
– Мама и нејзиното момче – кратко напиша сопругата на Џон Леџенд и така откри дека наскоро ќе станат родители на момче.