Сонувате за квалитетен одмор на егзотична дестинација? Фантастичните плажи на Бали со бели, жолти и црвени песоци се многу привлечни, а имаат бројни туристи и патници во текот на годината.
Иако тропскиот остров Бали претставува една од 33 провинции во Индонезија, на чие живеалиште живеат повеќе од 4 милиони луѓе, лесно може да се најдат недопрени делови во кои човек како да никогаш не стапнал. Балинежани се големи љубители на природата и нејзиното зачувување е примарен сегмент на нивната филозофија. Сепак, ова благословено место, е карактеристично и како спој на современи туристички објекти и богати минати и културни наследства, и е наградено повеќепати како најдобро место за одмор и забава.
Да го посетите Бали претставува авантура, бидејќи тој остров може да ви понуди многу. Ако барате место за целосен мир и уживање, Бали е вистинска дестинација за вашиот одмор. Тој е идеален и за оние кои сакаат адреналин и супер активен одмор поради многубројните атрактивни привлечности. Шареноликоста на сцената и понудата е заштитни знак на овој рајски остров.
Километри песочни плажи, сликовито терасовидни плантажи, високи активни вулкани, брзи планински реки и водопади, како и многу тропски предели полни со егзотични и весели животни ги чекаат љубителите на адреналин! Иако е дел од земјата со највисок број на муслимани во светот, островот Бали, најпопуларната дестинација на далечната Индонезија, го негува хиндуизмот и брои над десет илјади величествени храмови и палати поради кои има етикета “Остров на Боговите”.
Што уште крие Бали? Освен плажа и море, Бали нуди голем број најразлични атракции и локации, како и активности кои можете да ги правите – сурфање, нуркање по дното на морето и истражување на морската флора, и меѓу најинтересното, спуштање по јаже низ џунглата.