Пејачката Александра Пријовиќ деновиве ја ангажираше стилистката Ана Антиќ, ќерка на фудбалерскиот селектор Радомир Антиќ, која стилизира и советува ѕвезди како Адријана Лима и актерката Сиена Милер, која и помага и како да избере венчаница.
Според пишувањата на еден српски медиум, Пријовиќ многу и се допаднале моделите на реномираниот бренд Диор.
Таа замислува венчаницата да биде сведена, но ефектна, а бидејќи и Брена носеше Диор на својата свадба, веројатно и Александра ќе ја продолжи традицијата.
Според објавените детали Пријовиќ најмногу сакала модел како оној што го носеше Греј скели и Миранда Кер, модел кој чини од 20 до 100 илјади евра.