Насмејаната црнка храбро ја понесе креацијата за која се шпекулира дека не ја одобрила кралицата Елизабета II …
Заедно со својот сопруг, принцот Хари, Меган присуствуваше на премиерата на претставата Хамилтон во театарот “Викторија Палас”, а најголема драма сепак беше нејзиниот моден избор.
Причината е многу јасна – мини фустан на канадскиот бренд Џудит и Чарлс!
Наимен, кралскиот кодекс на облекување обично подразбира конзервативни комбинации – класични кроеви, миди или мини долги фустани и здолништа, блуза и кошули без нагласени деколтеа , помалку впечатливи дезени итн …
Сепак, овој пат, поранешната актерка се определила за посмел изглед, кој според нејзините години и пригода беше вистинско изненадување, но не е така типично за дамите од британскиот двор.
Црн, мини сако-фустан со дворедно закопчување надградена со салонки на дизајнерот Пол Ендру, како и со мала ташна што војводката ја држеше во рацете. Иако горниот дел е затворен, здолништето максимално ги истакна перфектните нозе на харизматичната црнка, која поради ова е цел на критика на странските медиуми, но и пофалбите.