Аристократскиот или блед тен е осетлив во текот на целата година, па затоа е неопходна правилна нега и добра шминка. Несаканиот сјај ќе ја избрише проsирната пудра што служи како основа за преостанатата шминка, а визажистите препорачуваат пудрата да се нанесува и на деколтето за да се постигне природниот изглед.
Руменилото се избира според тонот на кожата
Следен чекор е руменилото, чиј избор зависи од тонот на кожата. Затоа на ладните денови најдобро им одговараат розовите нијанси, а на кожата со пеги најдобро и одговара руменило во боја на кајсија што ќе и даде доза топлина.
Интензивни кармини за совршен контраст
За време на летниот период треба да се придржувате до правилото “помалку е повеќе”, што значи колку е шминката попроsирна, толку подобро. На светлиот тен не му е потребно сенчање, доволно е да се избере соодветен кармин, кој совршено ќе го истакне порцеланскиот тен. Црвената и коралната се одличен избор за дамите со светол тен.
Бојата на веѓите треба да се усогласи со бојата на косата
Истакнатите веѓи совршено ќе го заокружат лицето, но не треба да се претерува. Најдобро е бојата на моливлчето да се приспособи на бојата на косата. Започнете од внатрешниот агол и со кратки и брзи потези исцртајте лак. Потоа нанесете гел за веѓи. Тоа ќе им даде волумен, а и нијансата на моливчето ќе трае подолго.