Згодната сопруга на Доналд Трамп со модниот вкус никого не разочара ниту за дочекот на Новата година.
Убавата 47-годишна Словенка за приватната забава во луксузниот ресторан Мар-а-Лаго, облече цветен розов фустан со пуф ракави.
Прекрасниот светликав фустан е со потпис на модната куќа Erdem, а ценаста е 3.000 фунти.
Светликавото ремек-дело на познатата модна куќа, Меланија го дополни со нежно розови потпетици.
Ден после прославата, американскиот претседател, првата дама и нивниот син Барон, со хелихоптер се вратиле во Белата куќа, па папараците имале уште една можност да ја фотографираат Меланија во уште една извонредна модна комбинација.
За враќањето во Вашингтон, Меланија се одлучила за атрактивна бордо комбинација – ролка, кожни панталони и ташна со иста нијанса.