Мини ташни- тренд кој ќе ве врати во детството!

popara31 јули, 20181min00
t6

Добрите работи доаѓаат во мали пакувања …

Значи, истото важи и за ташни. По минијатурните телефонски торбички што можевме да ги видиме на модната недела минатата сезона, на ред дојдоа и ташните без кои неможеме. Наместо гломазни ташни, кои секогаш се во мода и во кои може да собере еден цел свет, сега можете да носите мали ташни што се таман колку што треба за да го зачините вашиот стил.

Треба да признаете дека е полесно да се носат само неколку работи во мини-торба: нема тежина од која ќе му наштетите на рамото, нема да барате клучеви или кармин половина час и така натаму. Овој нов тренд исто така не навраќа малку назад во детството, кога добивме мали ташни за нашите мали нешта што моравме да ги носиме насекаде со нас.

Почнавме да ги носиме само најважните работи, а другите мали нешта кои никогаш не ни беа потребни беа исфрлени од нашите торби и повремено се вметнуваа кога ни беа потребни, но тоа не е толку често. Сега се на прво место среденоста и ефикасноста, како и полесно да се најдат предметите во ташната. Сега сме подготвени за мини торби и ташнички. Овие “бебиња”, исто така, можат да бидат “clutch” ташни, а нивниот деликатен квалитет ги прави доволно елегантни за свадба или романтична вечера.

Избравме неколку парчиња за вас, па погледнете ја нашата галерија и инспирирајте се, како за оваа сезона така и за следната …

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma