Но, тоа потраа …
Моделот Суки Вотерхаус раскина со актерот Роберт Патинсон, објави “Дејли мејл”.
Прекрасната Суки, кој и самата се пробива како актерка, но исто така и пејачка, беше помалку од еден месец во врска со познатиот Едвард од “Twilight Saga”.
Суки (26), наводно, сакала да се фокусира на нејзината кариера, бидејќи во наредниот период се очекуваат неколку актерски проекти.Додека Патинсон претходно беше со Кристен Стјуарт и пејачката ФКА Твигс, единствената врска на Суки беше со Бредли Купер, кој е постар од неа 17 години.
Како пејачка не се прослави баш многу – нејзиниот спот “Valentine” има само 16.000 прегледи.