Молете се за Арета

popara13 август, 20181min00
ARETA

Семејството на познатата пејачка ги замолило нејзините фанови и медиумите да се молат за нејзината душа. “Арета Френклин е сериозно болна”, изјавија најблиските.

Кралицата на соул Арета Френклин (76) настапуваше во последниве години, но минатата година таа откажа серија концерти, бидејќи лекарите ѝ наложија така поради лошото здравје.Последен пат таа минатата година настапи со Елтон Џон за фондацијата AIDS во Њујорк.

Потоа објави дека 2017 година ќе биде нејзината последна година за изведби.Кариерата на Арета Френклин ја “обликуваше американската историја”. Таа пееше на погребот на Мартин Лутер Кинг во 1968 година. Арета беше првата жена што се здоби со место во домот на познати личности на Рокенролот во 1987 година, а списанието Ролинстон го стави на листата уметници за сите времиња.Арета освои 20 Греми награди за време на нејзината кариера, вклучувајќи и една за животно дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *