Идентични браќа близнаци запросиле идентични сестри близначки

popara2 март, 20181min00
Мозаик Идентични браќа близнаци запросиле идентични сестри близначки

Двајца браќа близнаци запросиле две сестри близначки истовремено, а паровите сега планираат и заедничка венчавка.

Џош и Џереми Салиерс, 34-годишни близнаци, ги запознале 31-годишните Британи и Бриана Деане, минатиот август, кога сите заедно посетувале фестивал за близнаци во Твинсбург во сојузната држава Охајо.

Бриана вели дека моментот кога се запознале бил магичен.

„Беше како во филм, сите четворица веруваме во поврзаност на душите, и веднаш се поврзавме“, вели една од близначките.

Бриана ќе се омажи за Џереми, а нејзината сестра Британи за Џош.

Браќата Салиерс судбоносното прашање го поставиле истовремено за време на снимање документарец за Inside Edition. Сестрите биле убедени дека ќе снимаат реклама, а потоа двајцата браќа истовремено клекнале и ги изненадиле со прашањето.