Може ли непланираниот секс да се претвори во стабилна врска?

popara4 јануари, 20181min00
6

Непланираниот секс може да стане многу позначаен и полесно да се претвори во стабилна врска отколку оној планираниот – открива едно истражување на У ниверзитетот Ајова. Така, денес, поголемиот број од врските се создале од секс кој на почетокот се сметал исклучиво за физички чин и за нималку романтичен.

Повеќето прирачници за наоѓање на вистинскиот партнер и поголемиот број љубовни терапевти забрануваат секс на првиот состанок и истакнуваат дека тоа е најголема грешка, бидејќи ја упропастува можноста за подлабока врска. Но, со тоа не се согласува д-р Бетани Маршал, авторка на делото “Кршење на правилата: Треба ли да се работи на врската или треба да се откажете”.

Според нејзиното мислење, мажите и жените кои строго се држат до наметнатите популарни правила грешат и така пропуштаат добри можности во љубовта. Така, се повеќе од бакнеж на првиот состанок се смета за неморално и “лесно”, а потребно е да поминат барем три успешни состноци за да се има секс со потенцијалниот партнер.

“Играњето според зададени правила го одвлекува вниманието и поради тоа ја занемаруваме интуицијата и се она што сме го научиле од сопственото искуство” – тврди Маршал.

Според неа ова се грешните правила кои нè ограничуваат при наоѓањето на совршениот партнер:

1. Не брзај со сексот – задолжително мора да поминат три состаноци

2. Мажите треба да го направат првиот чекор

3. На првиот состанок дозволено е само бакнување

4. Жената не треба да му се јавува на мажот и треба колку што може повеќе да ги избегнува неговите повици за тој да стане заинтересиран

5. На почетокот од еден до друг состанок треба да помине барем една недела

Ние нема многу да коментираме, ниту за горенаведениот список ниту за ставот на д-р Маршал. Оставаме на Вас самите да одлучите дали ќе играте според „правилата“ или пак ќе терате по свое. Како и да постапите, се надеваме дека ќе го пронајдете она што го барате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma