Пропаднат брак според пејачката!
Лили Ален го опеа својот развод од Сем Купер во новата песна “Apples”. Во песната, пејачката (33) ги обвинува пијалаците, нејзините родители и отсуството на блискост за разводот.”Двајцата бевме во депресија, и на крајот не ни спиевме заедно, мислев дека сум му добра само кога ги испишував чековите”, пее Лили.
Во песната, таа исто така го потенцира фактот дека “сака да пие”, поради што често било пишувано за неа во британските медиуми. “Ги закачи” и своите познати родители, продуцентката Алисон Овен и актерот Кит Ален, а на крајот од песната таа рече дека “станала како родителите”, бидејќи и тие се развеле.
Лили и Сем ја имаат шестгодишната Етел и петгодишната Марни, а по разводот признала дека го изневерувала.