Кога станува збор за трендовите во маникирот, Instagram е едно од најдобрите места за инспирација.
Транспарентни нокти – “желе-нокти” е последниот летен тренд што можете да го видите на сите социјални мрежи. Транспарентните нокти во прекрасни бои навистина личат на овошни џемови и желе, но исто така изгледаат како гумени сандали од 80-тите и 90-тите години.
Некои луѓе ги нарекуваат “стаклени нокти”, бидејќи тие се малку транспарентни и наликуваат на деликатно стакло.
Овој маникир е направен од проѕирни нокти, кои се налакирани со транспарентни бои. Бидејќи никој нема природно проѕирни нокти, се користат вештачки. Со цел да се постигне овој изглед, природните нокти се сечат и се лепат вештачки (или се излева гел). За да добиете проѕирен ефект, се користи посебен лак.
Ако сте девојка која сака маникир во светли бои, но бара нешто ново, овој тренд е совршен за вас. Се разбира, можете да додадете украсни детали. Можете да го комбинирате овој тренд со други трикови за ноктите и да добиете сосема нов изглед.
Погледнете ја нашата фото галерија и најдете на Инстаграм #JellyNails каде што ќе откриете неверојатни идеи за најсовремени дизајни на нокти за летната сезона.