Жените се среќни што ќе го купат овој модел.
Трендови не се предвидени само за светот на модата, но исто така и за светот на аксцесоари, костими за капење и долна облека …
Секоја сезона носи нешто свое, и ќе најдете на полиците понекогаш поедноставни, линии на градници и гаќи, понекогаш ретро модели, а понекогаш исклучително авангардни и многу предизвикувачки.
Сепак, оваа сезона ни донесе еден старомоден модел на гаќи, кои мажите никако не ги сакаат, дури и им се одбивни, но на жените понекогаш сепак им одговараат, пред се бидејќи се чувствуваат удобо, практични се, а понекогаш тоа е се што ни треба.
Поточно, во мода се враќаат т.н. “бабски гаќи “, поради кои на мажите често им се намалува возбудата. Сепак, сега пристигнуваат во нешто посовремена и поубава верзија. Наместо оние класичните бели, памучни ќе носат чипка, вез, луксузен сатен, интересни бои, машнички и сето тоа што ја прави долната облека да изгледа поубаво и поженствено.
Сепак, основата останува иста – важно е гаќичките да се со висока половина, до толку што ќе го покријат дури и папокот, и се разбира, се направени од природни материјали и да го покријат речиси цел задник. https://instagram.com/p/BgCjSLElKOD/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Таквите модели на гаќи ги преплавија продавниците за долна облека , и скоро да нема бренд кој не ги вклучил во понудата, а стануваат се повеќе популарни и покрај предрасудите кои ги придружуваат, и жените сакаат да ги купат повторно, благодарение на поубавиот дизајн отколку во претходните децении.