“Највкусните” Instagram профили посветени на сладоледот!

popara23 јули, 20181min00
slad1

Дали сте уверени дека по прегледот на овие фотографии нема да заминете на сладолед?

.@sweetjesus

Sweet Jesus од скромна продавница за сладолед во Торонто се претвори во “ледена” империја од 12 објекти низ цела Канада. Како што може да се види – тоа не се вообичаените топки во корнет, туку прави ледени деликатеси со јарболи од цреши и чоколадо, разни преливи и декоративни елементи, како на пример Орео колачиња и обоен прав.

@iceandvice

Ice & Vice ќе ги задоволи и најголемите љубители на сладоледот. Познатиот бренд на сладоле се наоѓа во Њујорк, а најпродаваните сладоледи се: №1 Breakfast Club (банана во чоколадо, путер крем + кандирани плочки), сладолед №2 Филмска Ноќ (сладолед, пуканки, стопено чоколадо, карамел, суво грозје). Тука исто така можете да најдете торти, сендвичи и крофни со сладолед.

@little.damage

За сладоледот да добие  темна боја, момците од овој бренд користат активен камен. За големите празници корнетите се обоени со други бои. На пример, на Денот на вљубените вафлите се обоени светло црвено, а самиот сладолед е украсен со слатки срца.

@eddys_ice_cream_

Не само што е продавница Eddy’s Ice Cream едноставно создадена да собира лајкови на Instagram (розеви ѕидови, ретро телефони и неонски натписи), но и десертите се остварување на соништата. Еднорози во боја на јоргован, мачки, чоколадни мечиња, колачи и огромни срца се само мал дел од украсите на овие прекрасни сладоледи.

@softservesociety

Овој сладолед доаѓа од Лондон. Изработен е во мала продавница, но малата големина на собата во никој случај не влијае на големината на естетското и вкусно задоволство. Soft Serve Society  нуди најсофистицирани вкусови, на пример, сос од црвени бобинки.
Нивото на шеќер во овие десерти ги надминува сите дозволени норми, но дали е можно таква убавина и вкус да не се пробаат?

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma