Откако помина низ те, Наташа Беквалац со насмевка на лицето го посети „Домот за лица без родители“ каде што помина цел ден. Таа истакна дека децата ги лечат раните, а има уште место за љубов.
Беквалац цел ден се сликаше со децата со кои ја дочекаа со насмевка на лицето. Првпат, по големиот скандал Наташа даде изјава за медиумите и потенцираше дека емоциите и се помешани.
„Родител сум на две ќерки, знам што значи родителството. Секојa мајка знае за што зборувам и не е воопшто лесно. Детето е најозбилната и најубавата работа на светот, изјави Наташа и додава:
„Измешани ми се емоциите, не можам да кажам дека сум среќна, ниту дека сум тажна. Се обидувам да не го покажам тоа, вели пејачката.
По тешкиот период Наташа собра сили за да продолжи понатаму, а на прашњето дали верува во љубов таа одговори:
„Јас сега ја добив“ кажа Наташа.
По тешкиот период низ кој помина, Беквалац успеа да остане ведра и смета дека се случува со причина.
„Најверојатно тоа е најдобро за мене, изјави пејачката.
Таа потенцираше дека секој ден учи за родителството, но и за животот, но истакна дека и не се враќа на минатото.