Интуицијата најпросто се објаснува како чувство на непријатни вибрации во пределот на стомакот, а се поврзува со емоциите. Интуицијата е по изразена кај женската популација,и нечесто жените ја користат со цел да се заштитат од неволји и непријатни ситуации.
Зошто се појавува интуицијата??
Едноставно кажано, интуицијата е нашата потсвест која сака да ни каже нешто многу важно. Нашиот мозок ги собира информациите за кои ние не сме свесни и пронаоѓа начин да ни ги даде до знаење, и тоа низ интуитивниот процес.
Во исто време нашата потсвест ја оценува таа информација врз основа на минатите искуства, додека нашиот мозок ја проценува ситуацијата така што ги споредува нашите чувства со нашите искуства.
Доколку нешто не е во ред, потсвесна реагираме на „внатрешната порака“ пред нашиот мозок да формулира свесна мисла!!!
Како да ја препознаеме?
Жените често го игнорираат она што им го говори телото, па поради тоа се склони кон претерано анализирање и преиспитување на ситуацијата.
Постојат моменти кога нашето тело не предупредува со помош на физички симптоми како што се напнатост во вратот и рамената, непријатно чувство во стомакот или напад на адреналин. Битно е да се обрати внимание на ваквите знаци и да се научи да се верува на сопствената интуиција.
Зошто да и се верува на интуицијата?
Нема потреба да се осудувате себеси дека сте параноични или празноверни. Вашата интуиција говори и кога Вие молчите. Ви се случило ли да запознаете личност која во истиот момент Ви станала одбивна, а таа истата да не направила баш ништо??? Тоа е интуиција. Вашето тело препознало закана споредувајќи ги минатите искуства со Вашите чувства. Ново запознаената личност е по нешто слична со некоја личност од минатото која за Вас преставувала лошо искуство.
Лесно е да се игнорираат знаците на интуицијата, затоа што не се опипливи, меѓутоа потсвесно Вашето тело реагира на секоја ново настаната ситуација. Вие не сте плен на параноја Вие сте личност која се раководи според искуствата од минатото. Минатото не учи, но интуицијата ни ја повторува лекцијата која што не сме го научиле доволно добро. Помошта која ја нуди интуицијата е богатство кое треба да си искористи.