
Манекенката се огласи на социјалните мрежи по повод приказната дека се омажила за пејачот.

Иако беше објавено дека Џастин Бибер и Хајли Болдвин застанаа на “лудиот камен”, манекенката демантираше.
Хајли на социјалните мрежи објави дека сеуште не се омажила.
“Јасно ми е од каде потекнуваат гласините, но не, јас сѐуште не се омажив”, пишува една од најбараните манекенки.
Парот пред неколку недели ја изненади јавноста со веридба, па со јавна расправија па со изјавите на љубов “со помош на Исус” …
Неодамна извадиле и дозвола за влегување во брак, што важи два месеци, па веројатно ќе се венчаат до ноември.
Каква ли ќе биде свадбата?
