Холивудската актерка го отвори својот официјален Instagram профил.
Деми Мур отвори профил на популарната социјална мрежа за да ја исполни желбата на своите ќерки. Во своето прво обраќање до нејзината Instagram публика, актерката објави видео во кое таа ја претстави дневната комбинација што ја носеше на кралската свадба во Виндзор.
“Ова е мојот прв пост на Instagram! Те сакам Стела Макартни, ова е за тебе! Посебно им се заблагодарувам на моите ќерки кои ме убедија да оворам Инстаграм профил”, напиша Деми под видеото кое што го објави.