Нејзината убавина и талент никој не ги приметуваше: По овој филм сите паѓаа на колена пред неа

popara19 октомври, 20181min00
gal gadot

Израелската актерка Гал Гадот, пред две и пол години, сакаше засекогаш да се откаже од актерството во Холивуд за да се врати во својата земја и на факултет. Наместо спакувани кофери и лет за Израел, Гал остана во Лос Анџелес поради улогата која што и го промени животот.

Израелската убавица која победи на националниот избор во 2004 година, никогаш не сакаше да биде само убавото лице од насловната страница. Гал во интервјуто со Џејмс Камерон, изјави: “Не сакав да победам, но кога веќе тоа се случи, на сите можни начини, се обидов да бидам најлоша на изборот на Мис Универзум за да не се случи да влезам во потесниот круг.”

View this post on Instagram

I see you weekend! 👀

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot) on

Гал, по натпреварот за убавина, го одслужи државниот воен рок од две години, а потоа се запиша на правен факултет. Нејзината најголема љубов, актерството беше неостварлив сон. По многу обиди во Холивуд да се здобие со соодветна улога, но и многубројните одбивања во 2015 година, таа мислеше дека засекогаш ќе се откаже од сонот и ќе се врати во Израел.

“Пред да ја добијам главната улога во “Wonder Woman”, размислував повеќе да не се враќам во Лос Анџелес и да прифаќам помали улоги во Израел. Исто така, опција беше да се запишам на факултет затоа што по толку многу одбивања повеќе немав волја”. Со улогата во филмот на режисерот Пети Џенкинс “Wonder Woman” се дигна на врвот на холивудскиот актерски крем. Гал Гадот од непозната актерка стана една од водечките лица во филмската индустрија.

View this post on Instagram

She's back… 🙅🏻‍♀️ #WW84

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot) on

Покрај актерството, Гал често е ангажирана во модни едиторијали поради нејзината префинета израелска убавина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag