Кога зборуваме за здрава храна, прва асоцијација претежно ни е лимонот.
Придобивките кои ги имаме од овој цитрус се повеќекратни. Да почнеме само од тоа што самиот мирис на ова овошје прави да се чувствуваме свежо и чисто – тоа не е без причина, бидејќи лимонот е природен антисептик, а неговиот сок е одличен во чистењето и на најтврдокорните дамки.
Освен тоа, познато е дека самиот мирис на лимонот го подобрува расположението на луѓето кои страдаат од анксиозност и депресија. Ако сакате да видите како еден обичен лимон може да изведе вистинска магија, испробајте го следниот трик.
Секоја вечер пред спиење поделете лимон на четири дела, малку посолете го и ставете го во мал сад кој ќе го оставите на ноќната маса.
Ќе ги забележите следните придобивки:
– Вашата соба ќе мириса одлично, поубаво отколку од освежувачот на воздух кој притоа е полн со хемикалии.
– Полесно ќе дишете. Ако страдате од астма, имате настинка или страдате од алергија, вистинската работа за вас е вдишување на воздух исполнет со мирис на лимон.
– Ќе ви се нормализира крвниот притисок.
– Лимонот ќе ги одбие од вас комарците и останатите инсекти.
– Ќе се разбудите со бистри мисли и без рапаво грло.
– Ќе бидете освежени. Целата сонливост ќе исчезне кога ќе го вдишите свежиот мирис на лимонот. Дејствува подобро од кое било кафе, проверено.