Состојки:
Тесто:
- 8 жолчки од јајце;
- 8 белки;
- 200 гр. шеќер;
- 200 гр. путер;
- 300 гр. афион (мак);
- 120 гр. пржени и мелени лешници;
- Околу 250 гр. мармалад од сливи.
Глазура:
- 150 гр. чоколадо;
- 150 мл. слатка павлака;
- 2 кесички ванилин шеќер.
Подготовка:
Со миксер матете го путерот со 100 гр. шеќер. Кога смесата ќе стане хомогена, додавајте ги жолчките една по една и сè добро измешајте.
Белките матете ги со преостанатите 100 гр. шеќер и кога ќе добиете цврста пенеста смеса додадете ги афионот и лешниците. Потоа помешајте ги двете смеси.
Калапот за торта со дијаметар од околу 28 см. обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со путер. Во претходно загреана рерна печете околу 40 минути на 170 степени. Печената торта извадете ја од рерната и оставете ја да се олади.
Кога ќе стане млака (не ладна), извадете ја од калапот, поставете ја на голема чинија за служење и премачкајте ја целата торта со мармаладот од сливи.
Подгответе ја глазурата. Во слатката павлака растопете го чоколадото, додадете го ванилиниот шеќер и оставете за зоврие. Премачкајте ја тортата со чоколадната глазура преку слојот од мармалад. Кога ќе се излади, ќе биде готова за служење.
Добар апетит!