Ви претставуваме рецепт за напивка што ќе ја задоволи вашата потреба за храна (поради својата хранлива вредност), но истовремено ќе го топи и вишокот килограми. Станува збор за комбинација на активни состојки што го забрзуваат метаболизмот и го чистат организмот од отровите и од вишокот маснотии наталожени во телото.
Како и кај секоја диета, важно е дисиплинирано да се придржувате до пропишаните размери и начини на употреба. Ако ја консумирате напивката редовно, резултатите ќе се покажат за помалку од еден месец.
Состојки: шолјичка сок од домати, 1/4 шолја лимонов сок, лажиче рендан ѓумбир, 1 луто пиперче, две стебла целер (со средна големина)
Приготвување:
Помешајте сок од домати, лимонов сок, ѓумбир и мелено луто пиперче. Ќе добиете 220 мл пијалак. Послужете го во стаклена чаша и консумирајте го грицкајќи ги стеблата целер.
Помеѓу оброците испијте три чаши од напивката. Ако направите повеќе, чувајте го во ладилник. Настојувајте секогаш да имате свеж целер при рака.