Номад – ранецот кој ќе ве придружува на секое патување

popara9 јануари, 20181min00

Сите сакаме патување, меѓутоа кога ќе дојде делот за пакување на работите сите се соочуваме со тешкиот дел – како да ги спакуваме сите потребни работи на едно место и да бидат на сигурно и да биде практично за носење. Ако се пронајдовте во оваа изјава, тогаш ранецот Номад е совршен за вас.

Иако е само една торба, можете да ја носите на неколку начини. Освен како класичен ранец, можете да ја претворите во торба на едно рамо и да ги истражите сите практични прегради во него. Сите ремени и скриени џебови се вадат и се подесуваат по сопствена желба.

Оваа торба е практична за носење и удобна, воглавно поради дебелите и црвсти ремени кои се одесуваат за да го олеснат товарот на грбот. Подвижниот распоред на џебовите ви го олеснува пакувањето и ви овозможува склоадирање на сите работи кои ви се потребни. Лаптоп, полнач, паричник, облека, клучеви, чадор, очила, мобилен телефон, сите документи…нема нешто што не собира во овој минимален простор.

Ранецот е направен од отпорен материјал, со цврста ткаенина и делови од кожа. Може да се користи при парувања, планинарење, кампување, секојдневно, дури и како ранец за на училиште. Големината е 48х18х30 сантиметри, со волумен од 35 литри, а цената во моментов изнесува 73 долари. Изработен е во крем, црна и зелена боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag