Секоја девојка треба да има сопствен стил на облекување, но постојат неколку парчиња облека кои едноставно мора да ги имате во вашиот ормар:
Црно сако: Класичното црно сако е основно парче облека кое може да го комбинирате за деловни настани, кежуал варијанти или па вечерни излегувања.
Црни кожни чевли: Црните кожни чевли се неопходни бидејки лесно може да ги искомбинирате со пантолони, хеланки или пак здолниште и тоа во повеќе варијанти од различен тип.
Бела кошула: Белата кошила од растеглив материјал е многу практична. Може да ја комбинирате со фармерки, пантолони или пак здолниште. Одговара на сите бои доколку е во склад со модните додатоци.
Мал црн фустан: Црниот фустан сам по себе е совршен и без модни додатоци. Најдобар избор е црн фустан од малку светкав материјал.
Секси долна облека: Најпрво изберете секси градник кој ќе одговара на вашите гради, најдобро е пуш-ап варијанта. Потоа изберете гаќички кои може, но не мора да одговараат на дизајнот на градникот.
Практична патна торба: Секогаш мора да имате барем една практична патна торба со интересен дизајн. Најдобро е да изберете некоја во неутрална боја, но лесно препознатлива.