Ви донесуваме модна мешавина од популарни брендови за летниот изглед што можете да ги “износите” на плажа, но исто така и за вечерни излези.
Едвај можете да го дочекате одењето на плажа, шарени коктели и релаксирачки вечери покрај морето? Помислата на сол во вашата коса, Сонцето на вашата кожа и песокот под босите нозе веднаш не транспортира не некоја хит морска дестинација , а за да доживувањето биде потполно потребна ни е и совршена облека.
Пред нас, сезоната е создадена за да уживате во живописни бои, разиграни отпечатоци и модни додатоци. Одењето на плажа долго веќе не значи дека само пешкир е потребен на рамото. Настрана од костимите за капење, не одете на плажа без големи, меки крпи, пространи ташни и заштитни креми. Не заборавајте на очилата за сонце и капа, која е во прилог на заштита од сонцето и ќе служи како моден додаток, како и апостолките или сандалите во кои полека ќе чекорите низ летото. Ако додадете на облеката за на плажа убава туника, марама која оваа сезона се враќа во мода или лесна блуза, мала чанта и интересно парче накит – во еден момент ќе добиете изглед кој е идеален за една вечерна прошетка. Зачинете го изгледот со пристоен накит, трендовски платформи и подготвени сте за добра забава.
Погледнете во нашата галерија и барајте инспирација меѓу популарните брендирани производи Tommy Hilfiger, Replay, Guess, Yamamay, Fashion & Friends, BMW, Springfield, Liu Jo, De Rigo, Versace Jeans, Heraldi for Women, Palmers, Reebok, Carpisa te Zaks i Argentum.