Опра Винфри – следниот претседател на Америка?

popara8 јануари, 20181min00
rs_1024x759-180107193425-1024-orpah-winfrey-golden-globe-winner

Еден од најважните моменти на годинашното доделување на Златните глобуси 2018 година, бил моментот кога Опра Винфри ја добила наградата за животно дело. Познатата продуцентка, водителка и актерка ја добила наградата Сесил Б. Де Миле, награда за животно дело. Но многу поголемо внимание предизвикал нејзиниот говор при прифаќање на наградата, каде освен што имало овации од публиката, имало и многу кои пуштиле солза.

https://youtu.be/fN5HV79_8B8

„Кажување на својата вистина е најмоќното оружје кое го имаме. Посебно сум горда и инспирирана од сите жени кои почувствувале дека се доволно силни да го дигнат својот глас и да ги споделат личните приказни“, изјавила Винфри.

„Долго време жените не се сфаќале сериозно и не им се верувале, ако се осуделе да ја кажат вистината за некои моќни мажи. Ама сега е готово со тоа!“, додала актерката. Таа ја спомената Риси Тејлор, жената која во 1944 година била силувана од седум мажи, враќајќи се од црква. Нејзината судбина е таа која го поттикнала борбата во Америка, која родила со плод и ги удрила темелите на големите граѓански промени.

За време на говорот, голем дел од славните личности се расплакале, но тоа не било единствениот момент кој предизвикал реакција. на почетокот, додека Сет Маер го кажувал својот монолог, се свртел кој Опра Винфри и рекол дека сите на Твитер сакаат Винфри да биде претседател на САД. Набрзо потоа, заживеал хаштагот #Oprah2020. Кога ја прашале водителката за ова, таа рекла: Во ред.

Времето ќе покаже дали е ова вистина или само шега за време на наградите.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag