Мачката Мое стана вистинска интернет сензација откако видеото поставено од страна на нејзиниот сопственик е прегледано над 2 милиони пати. Мачката прво покажала колку е снаодлива, а потоа малку и се налутила…
Во видеото мачката и нејзиниот сопственик вадат наизменично плочки од кулата внимавајќи при тоа да не се сруши.
Иако нема прсти, Мое смирено и успешно вади плочки од кулата.
На крај мачката изгледа фрустрирано кога гледа дека нема повеќе плочки кои лесно може да ги извади. Почнува да станува нервозна…