Колку често водиме љубов има врска и со тоа какви сме луѓе, новото истражување открива дека луѓето кои имаат две специфични карактерни линии го имаат и најбогатиот сексуален живот.
Во истражувањето објавено во списанието “The British Journal of Psychology” учествувале испитаници без љубовни партнери, 192 слободни жени и 105 слободни мажи.
Учесниците морале да одговорат голем број на тестови за да се утврди поврзаноста помеѓу алтруизмот, односно однесувањето кое има за цел да му помага на другиот, за кое не се очекува некој вид на награда од другиот, со тоа колку некој има успех во љубовта, односно врските и сексуалниот живот.
Истражувањето покажало дека добрите и несебични луѓе имаат најсреќен сексуален живот, односно водат љубов повеќе од другите луѓе и дека се најмногу задоволни со својот сексуален живот.
Кај машките испитаници, тоа вклучува и поголем број на партнерки за необврзувачки секс. Истражувањето не одговори на тоа што ги мотивира испитаниците да им помагаат на другите, но без оглед, резултатите добиени се уште еден доказ дека добрината и несебичноста секогаш се исплаќаат.
Дека добрината и несебичноста се привлечни особини и во сексуален смисол, е видливо и во историјата, поточно од времето на ловечко-собирачкото општество, кога мажите, кои својот плен великодушно го поделија со целото племе, беа најпривлечни животни партнери, пишува zadovoljna.hr