Анонимен фан на популарната серија, платил 160.000 долари на аукција на Шон Пен, за да изгледа само една епизода од серијата во друштво на актерката Емилија Кларк, позната како Калиси.
Интересен е и фактот дека холивускиот актер Бред Пит е исто така голем фан на серијата и ја започнал аукцијата со дури 80 илјади долари. Во наддавањето со добитникот, морал понудата да ја зголеми на 90, па на 120 илјади пред да се повлече, кога понудата стигнала со 160.000 долари.
За време на наддавањето, актерката се смешкала во публиката.
Аукцијата била организирана во Лос Анџелес, од Шон Пен. Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманиратната организација Хаити Рилиф.
На аукцијата присуствувале голем број на богати и славни личности, како Џеф Бесос, Арнолд Шварценегер, Кони Бритон, Патриша Аркет и Леонардо Дикаприо, на кој му била врачена награда за неговата борба против лиматските промени.