Победете ја есенската меланхонија: Три совети за уживање во долгите есенски ноќи!

popara26 октомври, 20181min00
esen

Во есен некако секогаш доаѓаме во контакт со меланхолија. Се помалку сончеви часови, студени ветрови, облаци, дожд, порано се стемнува… Сето тоа влијае на расположението, но ако работите ги  поставите поинаку, тогаш можете да уживате во есента. Еве како:

Креирајте релаксирана домашна атмосфера

Стуткани во топлината на вашиот дом, можете да создадете совршена атмосфера за себе. На пример, може да се излежувате под меко ќебе со чаша од омилениот чај. Да речеме, чај со вкус на јаболко и цимет, брусница или шумски плодови некако асоцираат на есен. Покрај тоа, можете да пуштите некој убав, романтичен филм, серија, или да прочитате некоја книга, која некогаш била на вашиот репертоар. За атмосферата да биде целосна, запалете миризлива свеќа – со арома на калинка, цимет или ванила- кои се неизбежни за есента.

Ден за Spa во вашиот дом

View this post on Instagram

On Wednesdays, celebrate the fact that the work week is half over with bubbles, in your bath and your glass!⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Tap get some of our fave bath essentials!⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Photo: @livebathorium⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ #bombsaway #bathtime #bubble #bubblebath #dailyconcepts #peanutbuttergorgeous #soak #bathsoak #plans #metime #relax #soak #soakertub #bathorium #beautyblogget #beauty #aromatherapy #skin #skincare #detox #bathbomb #peanutbuttergorgeous #metime #humpday #workweekhustle #wednesday #wednesdayvibe

A post shared by Peanut Butter Gorgeous (@peanutbuttergorgeous) on

Одберете еден во неделата во кој што ќе се посветите само на себе. Нанесете пилинг на вашето тело и разни креми. Пробајте нови маски за лице и, се разбира, релаксирајте се во пенлива купка. Пуштете ја вашата омилена музика, средете ги ноктите, косата и заборавете на сите грижи. Звучи совршено, зар не?

Шетајте секој ден

Ако сте личност од акција, тогаш нема да ви пречи студот за да прошетате низ паркот, затоа што на тој начин најдобро ќе ја почувствувате есента. Лисја во сите нијанси на жолта боја, и звукот од паднатите лисја под твоите нозе … зарем не звучи релаксирачки и … совршено?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag