На последниот настап пејачката носеше фустан со неверојатна вредност.
Познатата пејачка Бијонсе пред неколку дена ја заврши турнејата на ” On the Run II “, а покрај нејзините вокални способности, големо внимание привлече овој нереален стајлинг. Инаку, официјално најбогатата пејачка на светот, за оваа пригода обезбеди одлични комбинации од најголемите модни куќи како што се Gucci, Bakmain, LaQuan, Burberry…
Беше облечена во раскошен фустан со потпис Off-Wgite на дизајнерот Virgil Abloh. Фустанот пристигна директно од модната недела во Париз, а цената верувале или не, е 35.890 долари. Да ви се заврти во главата! Во Колекцијата овој фустан го нарекоа врв на пролетната колекција во 2019 година.