
Актерот Венсан Касел (51), се ожени повторно по разводот од Моника Белучи.
Неговиот избор е моделот Тина Кунаки (21), која позирала за насловната страна на “Вог” и поради што Венсан ја заборавил својата поранешна сопруга.
Парот се венча во Бидар, Франција, на интимна церемонија во градската општина, на која присуствувал само најблискиот круг на пријатели.
Невестата носеше венчаница со потпис на Вера Ванг, додека младоженецот изненади со стајлингот со доаѓање во крем одело и розева кошула.Тој ја објави убавата вест на Instagram, со едноставен потпис – “да”.
Нивната врска предизвика бурни реакции во Франција, бидејќи Тина е 30 години помлада од него.Не се возбуди премногу, туку и одговори на јавноста со вакви видеа.
Прекрасната италијанка Моника Белучи и францускиот шмекер ставија крај на бракот во 2013,по 14 години. Моника им откри на медиумите дека таа и нејзиниот сопруг дури пет години не живееле заедно – актерката живеела на релацијата Рим-Париз, додека Венсан живеел во Бразил.Тие се запознаа на снимањето на филмот “L’appartement” во 1995 година и се во брак од 1999 година. Имаат две ќерки – Дева (14) и Леони (8.5).