Поплочувањето улици знае да биде напорна работа за работниците, а поради потребното време, претставува проблем и за населението. Дека тоа не мора да биде така покажува и холандската компанија Ванку.
Очигледно дека нејзиниот директор Хенк ван Куијк решил да им ги скрати маките на работниците, па измислил машина која става бекатонки за многу кратко време.
За оваа работа неопходни се двајца или тројца работници кои на платформата на оваа машина само ќе ставаат бекатонки.
Погледнете како функционира: